Честитки од градоначалникот Сарамандов за постигнатиот успех на СОУ „Ј. Јосифовски“ во Италија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
оствари средба со ученичките Боркица Ѓоргиева, Емилија Ванчева и Данче Стоименовска и нивниот ментор- професор по македонски јазик и литература, Тања Чугунцалиева, кои на СОУ „Јосиф Јосифовски“ им донесоа специјална награда за училишниот проект „Насмевки на душата“ на 19. Меѓународен конкурс за поезија и театар во Трст.
Средбата се должеше по повод упатувањето честитки од страна на градоначалникот, затоа што од двете илјади пријавени од 49 земји, младите од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со својот труд успешно ја презентираа Општина Гевгелија и Училиштето. Истакнувајќи дека Општина Гевгелија целосно ги поддржува активностите на сите просветни работници и ученици кои постигнуваат успеси во воспитно-образовниот процес.
За потсетување, овие ученици и професорката на 19. Меѓународен конкурс за поезија и театар во Трст, Италија „Замокот на Дуино“ беа специјално наградени за поемата „Насмевки на душата“, а во март присуствуваа во Италија на свеченото врачување на признанијата.