Гевгелиските граѓански организации ги презентираа проектите во рамки на ReLOaD 2
45 граѓански организации од осум општини
во државата, меѓу кои и „Од станица до граница“, СВАМ Спа Веленес Асоцијација на Македонија, АМД „Дичо Панов“, Фондација „Аполонија“ и „Поддршка“ од Гевгелија, на информативната средба во Скопје, ги претставија своите проекти за млади, социјална кохезија и инклузија, човекови права, заштита на животната средина, култура, туризам, кои ги имплементираат во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2)
На средбата, амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан им честитаа за нивните заложби и иницијативи за подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници и за давање поддршка на оние на кои им е најпотребна.
Програмата ReLOaD, чија главна цел е зајакнување на партнерството помеѓу локалните власти и граѓанското општество, се имплементира во партнерските општини Општина Гостивар, Општина Охрид, Општина Куманово, Општина Битола , Општина Велес, Општина Гевгелија, Општина Кочани и Општина Крива Паланка.
ReLOaD2 се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, а ја имплементираат УНДП со партнерските општини.