И во Гевгелија реализирана „Генералка викенд“: Исчистена Старата касарна
Oпштина Гевгелија и годинава приклучувајќи се на
најмасовната еко-акција „Генералка викенд“ ширум државата, ја продолжи традицијата на нејзиното одржување на истата локација како и минатата и предминатата година, спортскиот комплекс кај Старата Касарна во Гевгелија. На оваа викенд еко-акција, учествуваа: градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со претставници на општинската администрација и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, како и членови на Советот на Општина Гевгелија, Локалниот младински совет на Општина Гевгелија и претставници на граѓански организации. Комуналниот отпад на оваа локација беше собран и селектиран во специјални кеси за отпад.
Градоначалникот Сарамандов изрази благодарност до организаторот, како и до сите учесници кои покажаа општествена одговорност кон природата, приклучувајќи се на „Генералка викенд“ дружината за почиста и поубава околина.
Согласно протоколот за реализацијата на оваа еко-акција, во организација на Здружението Man and Mountain, a во соработка со и поддршка од Пивара Скопје, Пакомак, Шпаркасе Банка, Нула Отпад, Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, на општините, кои се домаќини на еко-акцијата „Генералка викенд“, за секои 10 килограми собран отпад ќе им биде обезбедено по едно дрво за пошумување на нови шуми.