Изведбените работи на атмосферската канализација при крај
Изведбените работи за изградба на
атмосферската канализација во јужниот дел на Гевгелија се при крај, информираше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Согласно планот за работа за финиширање на овој значаен проект, во тек се и изведбените активности за асфалтирање на раскопаните улици.
Изминатиов викенд, беше асфалтиран дел на потегот на улиците „Ристо Фаршинин“ и „Јосиф Јосифовски“, за што градоначалникот Сармандов изврши увид. Притоа, Сарамандов упати повторно апел до граѓаните за трпеливост, затоа што со реализацијата на овој проект кој е во завршна фаза, а се одвива на различни локации во градот, се решава децениски проблем. Јужниот дел од градот ќе биде целосно покриен со атмосферска канализација во должина од 6.388 метри.