Уредување на црковниот двор во Ново Конско
Во дворот на црквата „Св. Димитриј“ во населеното место
Ново Конско, од страна на Општина Гевгелија е извршено партерно уредување и се изградени пристапни скали до црквата. Имено, при изградбата на влезната улица во ова населеното место, граѓаните на Ново Конско побараа помош од градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов за партерно уредување на црковниот двор. Имајќи предвид дека со овој зафат и внатрешното уредување на црквата од страна на самите жители, изведбените работи би биле приведени кон крај.
Градоначалникот Андон Сарамандов, при увидот на уредувањето на дворот во селската црква во Ново Конско, оствари средба со жителите на ова населено место. На средбата стана збор за следните приоритети за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Ново Конско. Се со цел, како што нагласија жителите, да се решат долгогодишните проблеми. Од страна на Сарамандов беше нагласено дека Општина Гевгелија ќе излезе во пресрет на нивните барања, како што беше случајот и претходно со уредувањето на црковниот двор.