Континуирани успеси на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија во 45-годишната воспитно-образовна музичка дејност
OOМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија со учениците остварува
континуирани успеси на државните и меѓународните натпревари. На Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ во Штип, четири ученици се добитници на Први и Втори награди. Имено, првонаградени се Викторија Каракабакова и Матеја Тунџева од класата по виолина на професорката Маја Зафирова и Илија Димов од класата на професорот Владо Сапламаев, додека второнаградена е Сара Видичек од класата по пијано на професорот Костадин Издушнов.
На 61. Државен натпревар на млади музичари од основните музички училишта, којшто се одржа во Битола, ООМУ „Васо Карајанов“ ги понесе првите места и високите награди- прво место во солфеж за Илија Димов под менторство на професорот Зоран Гогов, Прва награда за Ана Димитрова од класата по флејта на професорката Сузана Стефанова, Прва награда за Викторија Каракабакова од и Трета награда за Матеја Тунџева од класата по виолина на професорката Маја Зафирова.
Новите, како и претходните успеси во учебната година 2022/2023 година, ќе бидат прославени со одржување на Годишниот концерт на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, а, исто така, и означени крајот на учебната година и 45-годишниот јубилеј од воспитно-образовната музичка дејност на Училиштето. Концертот ќе се одржи денеска, (23 мај) во хотел „Аполонија“, со почеток во 20:00 часот.