Вондреден скрининг за детекција на деформитети кај ученици од основното образование
Во рамки на проектот: „Акција за здрави навики“
кој го имплементира Спа и Велнес Асоцијација на Македонија СВАМ преку Регионалната прорама за локалната демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), се спроведува вонреден скрининг за детекција на деформитети на ‘рбетниот столб и рамно стапало кај учениците од основните училишта во општина Гевгелија. За таа цел, СВАМ ги повикува родителите на учениците од четирите општински основни училишта да се вклучат во вонредниот скрининг кој се врши од страна на лекар специјалист, во просторијата на СВАМ (кабинет бр. 3 во Пионерски дом- Гевгелија“, од 17:00 часот. Скринигот ќе трае до 31 мај 2023 година.
По направениот скрининг, ќе се формираат групи ученици, со кои ќе се изведуваат активности за намалување и остранување деформитети на ‘рбетниот столб и рамно стапало, кои вклучуваат: вежби со физиотерапевти, кинезитерапевти и со фитнес-инструктори, работилници за здрава исхрана, вежби во базен, пешачење, планинарење и др. За посложените утврдени деформитети кај учениците, ќе биде предложен и специјалистички преглед од специјалист ортопед со закажување преку националениот систем за електронско закажување и евидентирање на медицински интервенции „Мој термин“. Повеќе информации за карактеристиките, начинот на детекција и активностите за намалуње и отстранување на деформитетите можат да се најдат на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=Bh6zF-VSFQY.
За дополнителни информации, родителите можат да се обратат директно во просториите на СВАМ (Кабинет бр. 3 во Пионерски дом- Гевгелија), електронски на е-маил адресит: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефонскиот број: 070 230 232. Проектот: „Акција за здрави навики“ на СВАМ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и Општина Гевгелија.