Три дена „Калинка“ каква што и доликува на Гевгелија
Три дена по ред, „Калинка“ се претстави пред
пошироката јавност во Гевгелија. Дечињата- калинки ги промовираа 23. новокомпонирани песни со различни детски мотиви на современ мултимедијален начин. Впрочем, така и му доликува на Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка 2023 година“ со неговото повторно враќање на културната сцена во Гевгелија. И тоа со различни активности во трите дена кои му дадоа посебен белег на Фестивалот. Не изостана фестивалското дефиле на Градскиот плоштад, каде сите дечиња од Гевгелија и пошироко имаа можност да се дружат со учесниците на „Калинка“ и да се забавуваат преку програмата за таа цел- со уличен театар и перформанс на жонглери.
Третата фестивалска вечер, беше посветена на Ѓорги Цуклевски, еден од тројцата основачи на Интернационалниот детски музички фестивал, за што на член од неговото семејство му беше врачена постхумно Награда за трајни вредности. Исто така, Награди за трајни вредности им беа врачени и на Нада Ристова и Томислав Таневски како дел од одборот за основање на Фестивалот.