Делегација на Општина Гевгелија во посета на збратимената Општина Пазин
Делегација од Општина Гевгелија, предводена од
претседателот на Совет на Општина Гевгелија, Патрик Матх, присуствуваше во Пазин, Хрватска, на одбележувањето 80 години од град Пазин и 1040 години од првото спомнување на Пазин, односно Пазинскиот замок во пишаните документи Castrum Pisinum.
На средбата на делегацијата на Општина Гевгелија со градоначалничката на збратимената општина Пазин, Сузана Јашиќ и претседателката на Совет на Општина Пазин, Ена Перош, како и членови на администрацијата, покрај пренесените честитки од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, за 80-годишниот јубилеј, стана збор за проширување на соработката со Општина Гевгелија- како за размена на искуства од повеќе области, така и за аплицирање за финансиска поддршка на проекти во рамки на Интерег ИПА Адрион програмата. Која има за цел да го поттикнува развојот на политиката и иновациите во областа на управувањето и унапредувањето на еврпските интеграции, користејќи ги богатите природни, културни и човечки ресурси во опкружување на Јадранското и Јонското Море и зајакнување на економската, социјалната и територијалната кохезија во програмските активности.
Исто така, делегацијата на Општина Гевегелија беше дел и од свечената седница, како и културните активности организирани по повод Денот на Пазин.