Општина Гевгелија ќе набави три автоматизирани колички за лицата со инвалидитет
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
оствари работна средба со претставници од општинската администрација и претставници од Здруженијата на лица со инвалидитет и попреченост во Гевгелија. На состанокот, стана збор за реализацијата на набавката на три автоматизирани колички за лицата со попреченост, активност предвидена во Програмата за активности на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2023 година.
Исто така, на состанокот се разговараше и за ставањето во употреба возилото за лица со попреченост, донирано на Општина Гевгелија од Фондацијата „Ице Бегов“ од Скопје. Градоначалникот Сарамандов истакна дека со овие активности Општина Гевгелија се стреми кон инклузивно општество, со системско решавање и надминување на сите бариери со кои се соочуваат лицата со попреченост и инвалидитет од општината. За што, во идинина, ќе следат уште проекти од корист на социјално-ранливата група за нивно активно вклучување во општествениот живот и надминување на бариерите за непречено остварување на нивните потреби.