Локален младински совет со Повик за учество на млади на Дводневен фестивал „Младински бран“
Локалниот младински совет на Општина Гевгелија објави
Јавен повик за изразување интерес за учество на Дводневниот музички фестивал „Младински бран“, кој ќе се реализира преку Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година. Имено, овој Фестивал има за цел младинско вмрежување, затоа повикот е наменет за учество на млади, на возраст од 15 до 29 години, не само од Гевгелија туку и од соседните општини во Југоисточниот Регион.
Пријавувањето опфаќа учество во: музички настани, панел-дискусии, работилници, сесии за размена на искуства, изложби, волонтерство и многу други активности. Повикот е отворен до 23 јуни 2023 година, а заинтересираните можат да го изразат својот интерес за учество со пополнување формулар на електронската платформа, на следниов линк: Пријава. Повеќе информации на официјалиот Facebook профил (Локален младински совет- Гевгелија) и Инстаграм профилот на Локалниот младински совет (mladinskisovet.gvg). Дводневниот фестивал ќе се одржи на 6 и 7 јули, на летната тераса на хотел „Аполонија“ (коктел-бар „Драма“).