Од денеска, започнува културното лето за гевгеличани
Од денеска (30 јуни 2023 година), започнува
„Гевгелиско културно лето“ во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, а под покровителство на Општина Гевгелија.
„Гевгелиско културно лето“ ќе го отворат дечињата од Драмската секција при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, под менторство на Катица Џишева Дупарова, со поетско-музичката манифестација „Трба, трби гевгелиско“. Оваа активност од програмата за „Гевгелиско културно лето“ ќе се одржи вечерва, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.
Наредната недела, на 5 јули 2023 година (понеделник), на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, ќе се претстават членовите на Литературниот клуб при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, подготвени од Емилија Старделова, на мултимедијалната манифестација „Фолклорот и традицијата негувани низ времето“.
Во вторник (7 јули 2023 година), во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, со книжевна вечер ќе се одбележи 80-годишнината од раѓањето на Илија Карајанов. Настанот ќе биде одржан во хотел „Аполонија“, со почеток во 18:00 часот.
Првата недела од „Гевгелиско културно лето“ (10 јули 2023 година) ќе заврши со одржување на Концерт на „Трио Џентлмен“, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот.
Влезот за сите настани во рамки на „Гевгелиско културно лето“ е слободен.