28. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи на 29 јуни
Советот на Општина Гевгелија, на 29 јуни 2023 година,
ќе ја одржи својата 28. седница, на која ќе расправа по Предлог-Одлуки за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на Проект: „Иновативен тренинг HUB- вештини на иднината“ и одобрување субвенции за набавка на велосипеди. Како и по Предлог-Решенијата за разрешување и именување членови во неколку општински тела.
Од областа на урбанистичкото и просторно планирање, Советот ќе расправа по неколку Предлог-Одлуки за прифаќање иницијатива за изработка и донесување Урбанистички проекти, како и давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија. Покрај овие акти, на претстојната седница ќе се разгледуваат и предлог- измените и дополнувањата на Одлуката за определување зони за зонско паркирање на подрачјето на град Гевгелија. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:30 часот, а за работа е предвиден следниов дневен ред:
1. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на Проект: „Иновативен тренинг HUB- вештини на иднината“,
2. Предлог-Одлука за одобрување субвенции за набавка на велосипеди,
3. Предлог-Решение за разрешување член во Локален младински совет на Општина Гевгелија,
4. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Локален младински совет на Општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за формирање Локален совет за превенција во Општина Гевгелија,
6. Предлог-Решение за разрешување претседател и членови на Комисијата за процена и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди во општина Гевгелија,
7. Предлог- Решение за именување претседател и членови на Комисијата за процена и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди во општина Гевгелија,
8. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање иницијатива за изработка на Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за КП бр. 588 КО Габрово (барател: Ѓоко Деловски од Миравци),
9. Предлог-Одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на ГП 1.12 и ГП 1.13 со промена на границата кон ГП 1.14 од ДУП за Блок 4, УЕ „А“ општина Гевгелија (барател: Градимир Маниќ од Гевгелија),
10. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 5595/2, КО Гевгелија,
11. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 6614, КО Миравци (1),
12. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 6614, КО Миравци (2),
13. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 6614, КО Миравци (3),
14. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. КП бр. 1122, КО Петрово,
15. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 1082, КО Ума,
16. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 1091/2, КО Дојран,
17. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 694, КО Гевгелија,
18. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 6917, КО Гевгелија,
19. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 3954, КО Гевгелија (1),
20. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 3954, КО Гевгелија (2),
21. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 3954, КО Гевгелија (3),
22. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 3954, КО Гевгелија (4),
23. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 3954, КО Гевгелија (5),
24. Предлог-Одлука за давање под закуп/отуѓување на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија, КП бр. 193, КО Ново Конско,
25. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување зони за зонско паркирање на подрачјето на град Гевгелија,
26. Предлог-Решение за усвојување на Финансов план за 2023 година на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за планирани приходи и расходи за сметка 7150108249785ХХ за период 01.06.2023 - 31.12.2023 година,
27. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
28. Предлог-Заклучок за прифаќање на барањето на Здружение на граѓани со дијабетес за општините Гевгелија, Богданци и Дојран,
29. Информација за состојбата со јавното осветлување во општина Гевгелија,
30. Информација за состојбата со јавниот превоз на патници во општина Гевгелија,
31. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија.