Изградена улицата „Драгослав Ортаков“ во Гевгелија
Со градежните работи за асфалтирање,
заврши изградбата на улицата „Драгослав Ортаков“ во Гевгелија. Граѓаните кои живеат покрај оваа улица добија трајно решение по завршувањето на сите планирани активности за нејзината изградба во должина од 800 метри. Имајќи предвид дека улицата се наоѓа во блок 4.4, каде веќе овој дел на градот е густо населен и е во близина на Детската градинка „Сончогледи“.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја најави и изградбата на улицата „Кожув“ која ќе се поврзе со веќе изградената „Драгослав Ортаков“ по изведбените работи за реконструкција на фекалната и изградбата на нова канализациона мрежа.