
Кошаркарскиот куп од 12 до 14 април во Гевгелија

Завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка ќе се одигра во средината на април,
објави Македонската кошаркарска федерација по одлагањето на завршните натпревари од купот поради сообраќајната несреќа и трагедијата што и се случи на нашата земја.
Осум тимови во машка конкуренција и четири тима во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат викендот од 12-14 април во Гевгелија, по истиот распоред како што требаше да се натпреваруваат претстојниот викенд
(12 април, 2019 година)
13:00 Блокотехна - АВ Охрид (четвртфинале 1)
15:15 Работнички - Куманово 2009 (четвртфинале 2)
17:30 МЗТ Скопје Аеродром - Кожув (четвртфинале 3)
20:00 Гостивар - Фени Индустри (четвртфинале 4)
(13 април, 2019 година)
12:00 Бадел 1862 - Струга 2009 (натпревар 1)
14:15 Вардар - Работнички (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1 (победник четвртфинале 1 - победник четвртфинале 4)
20:00 Полуфинале МАЖИ 2 (победник четвртфинале 2 - победник четвртфинале 3)
(14 април, 2019 година НЕДЕЛА)
14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 - победник натпревар 2)
17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 - победник полуфинале 2)