Честитки од градоначалникот Сарамандов за успехот на Шаховскиот клуб „7 Ноември“
По враќањето на Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија од
учеството на турнирите од Првенството во Втората шаховска лига, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беше во посета и оствари средба со членовите во просториите на Клубот. На средбата, Сарамандов им го честиташе успехот на членовите за 4. место и квалификацијата на ШК „7 Ноември“- Гевгелија во баражните игри за Првата шаховска лига.
Градоначалникот го изрази своето задоволство што од основањето на Клубот по негова иницијатива како вљубеник во шаховската игра, за краток период ШК „7 Ноември“ постигна високи резултати. Како и членувањето на се поголем број млади ентузијасти кои имаат интерес за шах.
Имено, турнирите за Втората машка сениорска лига во шах, на која учествуваа и 9 члена на Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија обездедувајќи квалификации во баражните игри за Првата шаховска лига, се одржаа во хотел „Дрим“- Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија. Првопласирани во Втората машка лига се две екипи од Битола на Шаховските клубови „Стево Патако“ и ШК „Штајниц“.