Прогласени Првенците на генерација и во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија
По завршувањето на учебната година, Наставничките совети на
4. основните училишта и ООМУ „Васо Карајанов“- на подрачјето на општина Гевгелија, согласно Правилникот, ги избраа Првенците на генерации 2014/2023 година- Лилјана Мајсторова, Андреј Димов, Симона Митрова, Ангел Аевски и Јана Димитрова.
Лилјана Мајсторова е годинашниот Првенец на генерација во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, која ова признание го заслужи со континуиран одличен успех, примерно поведение и учество, освоени награди и пофалници на Општински, Регионални, Државни и Меѓународни натпревари од областа на образовните предмети: Биологија, Физика, Хемија, Географија, Македонски јазик и Англиски јазик.
Андреј Димов, ООУ „Крсте Мисирков“ го прогласи за Првенец на генерација, како ученик кој во текот на образовното образование е со континиуран одличен успех, примерно поведение и има освоено награди и високи признанија на образовните натпревари од областа на математиката и останатите предмети од областа на природните науки.
Симона Митрова е Првенец на генерација во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, која, исто така, го доби ова признание како одличен ученик и има придонес во афирмацијата и успесите на Училиштето со учествата и освоените награди на натпреварите по Физика, Математика и Биологија.
Ангел Аевски од ООУ „Климент Охридски“- Миравци го заслужи ова признание во конкуренција меѓу 3 ученички, со освоени две награди повеќе на државно ниво. Покрај многуте награди и признанија, осебно се докажува со награди освоени на натпревари во областа на географијата и останатите природни науки.
Јана Димитрова од класата по виолина кај професорката Соња Панова и класата по балет кај професорката Виолета Чокова во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија ја именуваа за Првенец на генерацијата врз основа на постигнатите успеси- освоени четири Први, четири Втори и три Трети награди на Меѓународни натпревари по виолина, една. Прва и една Трета награда на Меѓународни натпревари по балет во Македонија и Бугарија.