Увид во тековните градежни активности за реконструкција на Домот на културата во Моин
Во тек се градежните активности за реконструкција
на Домот на културата во населеното место Моин, за што градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и директорот на Центарот за развој на Југоисточен Плански Регион, Ѓоко Камчев, извршија увид. Притоа, градоначалникот Сарамандов истакна:
- После долги години, по барање на жителите од Моин, се заложив за изработка на проектна документација за обновување на стариот објект на Домот на култура. Објектот беше во лоша состојба и долги години претставуваше опасност за локалното население. По изготвување на проектната документација, како Градоначалник, направив напори за изнаоѓање средства за отпочнување на реализацијата на проектот. Од неодамна, започна реализацијата на Проектот.
Вкупната вредност за реконструкцијата на Домот на културата во Моин, проект за којшто Општина Гевгелија аплицираше преку Центарот за развој на ЈИПР до Бирото за регионален развој, изнесува 13.551.139 денари наменети за изведување градежни работи, електрична енергија и уредување на санитарни јазли. Од кои 2.138.378 денари се средства на Општина Гевгелија од Буџетот за 2023 година.