Јавен повик за изработка на урбанистички планови
Општина Гевгелија распиша
Ј А В Е Н П О В И К за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови. Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
Јавниот повик ке трае од 20.02.2019 год. до 25.03.2019 година, а во овој период секое заинтересирано правно и физичко лице може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1) точка 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Јавниот повик ке биде објавен на веб страната на општина Гевгелија, www.gevgelija.gov.mk , на огласна табла во општината, во службено гласило на општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во дневниот весник „Нова Македонија“
Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма преку архивата на општина Гевгелија или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во горе наведениот рок.
За доставените иницијативи подносителите ке бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за доставување на иницијативи.
Средствата за изготвување на потребната документација за прифатените иницијативи треба да ги обезбедат правните или физички лица кои се подносители на иницијативата.