Огласена на продажба една парцела за домување во станбени згради
Oпштина Гевгелија огласи на продажба градежнa парцелa
во сопственост на РСМ, со намена домување во станбени згради. Градежната парцела бр. 40 се наоѓа на м.в. „Пазар“, КО Гевгелија, на површина од 1.078 метри квадратни. Почетната цена по метар квадратен за парцелата за домување во станбени згради изнесува 2.570 денари.
Продажбата на градежната парцела ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, до 21.08.2023 година.
Јавното наддавање за градежната парцела за домување во станбени згради ќе се одржи електронски на следната интернет-страна www.gradezno-zemjiste.mk, на 23 август 2023 година, со почеток од 09:00 и во времетраење од 15 минути.
Повеќе информации за целата постапка можат да се најдат на следниот линк: Објава бр. 2/2023