Реконструкција на три улици во Миравци
Во населеното место Миравци, во тек се градежните зафати
за реконструкција на три улици. Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој изврши увид во изведбените работи, по констатираните големи оштетувања, рехабилитацијата на улиците „Едвар Кардељ“, „Иднина“ и дел од „Кирил Танев“ во Миравци се наметна како приоритетна- за подобрување на патната инфраструктура и безбедност во одвивањето на сообраќајот. Имајќи предвид дека на овие три улици во минатото била поставена нова фекална канализација, но нивната реконструкција не била целосно реализирана. Вкупната должина на улиците изнесува 3.425 метри квадратни.
Зафатите се реализираат со средства од Општинскиот буџет, согласно Програмата за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија за 2023 година.