Oпштина Гевгелија меѓу најтранспарентните институции во земјата
Општина Гевгелија, заедно со Општина Велес,
се најтранспарентните општини во земјата - покажува најновата анализа на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) од редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции.
Најдобрите две општини, Гевгелија и Велес имаат активна транспарентност од 99% и го делат третото место на вкупната ранг-листа на сите институции. Со овие бодови, Oпштина Гевгелија се најде на високата 3. позиција од вкупно 98 рангирани институции. По ланското подобрување, според ЦГК, оваа општина од Југоисточниот Регион, годинава, повторно е меѓу најдобрите институциите со многу добра активна транспарентност.
Сите региони во земјата оствариле подобрување во активната транспарентност, освен Југоисточниот Регион. Источниот Регион повторно е најдобар, додека Скопскиот Регион неколку години по ред е на последното место. По ланското второ место, Источниот Регион го поврати долгогодишниот примат според активната транспарентност и повторно изби прв, пред Југоисточниот Регион. Инаку, Општина Гевгелија е прва според активната транспарентност во ЈИПР, преземајќи го водечкото место од Општина Валандово.