Одржана 29. седница на Советот на Општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија ja одржа
својата 29. седница, на којашто расправаше по повеќе предлог-одлуки и решенија. Имено, Советот расправаше по предлог- измените и дополнувањата на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2023 година. Едногласно, Советот донесе Одлука за исплата на финансиска помош на лицето Луна Поп-Костова од Гевгелија, на која од здравствени причини и е потребно медицинско лекување во Турција.
Исто така, со мнозинство гласови, беше дадена согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година, како донесени неколку Предлог-Одлуки за давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Општина Гевгелија. Како и Одлука за давање на користење деловен простор во сопственост на Општина Гевгелија без надомест на Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион како услов за отворање туристички музеј, за што ЦРЈИПР ќе аплицира на Повикот за предлог-концепти идеи, специфична цел 1.2. „Развој на атрактивен, туристички производ за сите сезони со паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“ во рамки на InterregИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2021-2027.
Од областа на урбанистичкото и просторно планирање, по барања на физички лица, Советот ги прифати иницијативите за изработка на ДУП и Урбанистички проекти. СоветотНа 29. седница, покрај тоа што членовите на Советот на Општина Гевгелија беа информирани за состојбите со постапување по барања за утврдување на правен статус на бесправно-изградени објекти, поставуваа и советнички прашања до Градоначалникот на општина Гевгелија.