Градоначалникот Сарамандов во посета на Германија преку „ЕУ за општините“
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
престојуваше во Харз, регион во Германија на покана од тим-лидерот за техничка поддршка на „ЕУ за општините“, Клаус Рихтер, по заедничката средба во Општина Гевгелија. Студиската посета е финансирана од EU for Municipalities, којашто има за цел да се пренесат позитивните искуства на општините и организациите во Германија и во општините од нашата земја во областа на: меѓуопштинската соработка, заштита на природата наспроти економската искористеност и улогата и влијанието на претприемачите од приватниот сектор.
Исто така, градоначалникот на општина Гевгелија во текот на студиската посета имаше можност посебно да се запознае и размени искуства за туризмот како посебен фактор за приходи и вработување, посебно за здравствениот и бањски туризам.
- Имавме прекрасна можност да се запознаеме со функционирањето и позитивните искуства во областа на туризмот, којшто е значаен фактор за развојот на локалната самоуправа. Покрај размената на искуства, на средбите и состаноците со претставниците Gosler- Regional Harz Tourizam Asosociation, WiReGo- economic development find и градоначалникот на Bad Laurerber, Rolf Lange, исто така, имавме можност да ги посетиме Локалната противпожарна бригада (Local fire brigade), во чиј состав работат 80 доброволци пожарникари и Националниот парк Wernigerode, истакна Сарамандов.