Школата за гитара со Завршниот концерт донесе свежина како и вчерашното време
Вчерашното време донесе малку свежина
во жешките ноќи на гевгеличани, ама дефинитивно Завршниот концерт на Школата за гитара донесе уште поголема свежина во културните настани по повод „Гевгелиско културно лето“. Младите гитаристи, на кои им е ментор Костадин Динев, како и Guitar school band, им приредија пријатно расположение на сите возрасни генерации- од мало до големо. Им понудија усогласени звуци од познати рок-нумери, меѓу коишто и отсвирана легендарната песна на гевгелиската, а и македонската рок-група „Зијан“, „Пушти коси“.
Задоволни беа гевгеличаните од претставувањето на нивните деца, внуци, пријатели, другари- членови на Школата за гитара, на Завршниот концерт во рамки на „Гевгелиско културно лето“. Менторот уште позадоволен, како од посетеноста на настанот, така и од успешното претставување на своите ученици.