На јавен увид, УП за нисконапонски подземен кабелски вод на КП 583, Ново Конско
Oпштина Гевгелија организира јавен увид на
Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за нисконапонски подземен кабелски вод за приклучок на ФВЕ на КП 583, ко Ново Конско- општина Гевгелија. Јавниот увид ќе трае до 11.08.2023 година. Урбанистичкиот проект зафаќа површина од 0,11 ха.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забeлешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.