ЈП и ЈА за спроведување на измените и дополнувањата на дел од Блок 3 (УП вон населено место за мултинаменски стопански комплекст на Гевгелија- ГП „Богородица“)
Општина Гевгелија организира јавна презентација
и јавна анкета за спроведување на измените и дополнувањата на дел од Блок 3 од Урбанистички план вон населено место за мултинаменски стопански комплекс на потег Гевгелија- Граничен премин „Богородица“- општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, на 18.08.2023 година (петок), со почеток во 11:00 часот. Јавната анкета ќе трае 30 работни дена, односно од 18.08. до 18.09.2023 година.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 10,803 ха. Предметниот плански опфат за изработка на Измена и дополнување на дел од Блок 3 од УПВНМ за мултинаменски стопански комплекс на потег Гевгелија- Граничен премин „Богородица“- општина Гевгелија е ограничен со:
- на североисток со осовината на трасата на Автопатот А1 Табановце- Богородица,
- на југоисток и југозапад со осовините на трасата на планираните сервисни улици „4“ и „5“,
- на северозапад со северните граници на ГП 3.08 и ГП 3.02.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, како и државните органи и други институции ќе можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, коишто можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.