ЈА и ЈП за спроведување на ДУП, Блок 1.5, општина Гевгелија
Општина Гевгелија организира јавна презентација
и јавна анкета за спроведување на Детален урбанистички план, за Блок 1.5, општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, на 18.08.2023 година (петок), со почеток во 12:00 часот. Деталниот урбанистички план за Блок 1,5, општина Гевгелија ќе биде изложен во просториите на Секторот за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија, а е објавен и на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија. Јавната анкета ќе трае 30 работни дена, односно од 18.08. до 18.09.2023 година.
Деталниот урбанистички план за Блок 1.5, општина Гевгелија зафаќа површина од 2,03 ха, вклучувајќи ја и површината помеѓу регулационите линии одредени и површината до оските на сообраќајниците. Границата на планскиот опфат ги има следните координати:
T1 - Y: 7626512.0538, X: 4556131 .0577,
T2 - Y: 7626352.2897, X:4556017.4003,
T3 - Y: 7626400.0200, X: 4555937.5517,
T4 - Y: 7626404.6565, X: 4555927.5981,
T5 - Y: 7626450.5179, X: 4555950.3489,
T6 - Y: 7626548.9811, X: 4556018.3934.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, како и државните органи и други институции ќе можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, коишто можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.