Асфалтирани и дел од улиците „Димитар Влахов“ и „Маршал Тито“ во Гевгелија
И дел од улиците „Димитар Влахов“ и „Маршал Тито“
во Гевгелија се асфалтирани по завршувањето на изведбените работи за новата атмосферска канализација во јужниот дел на Гевгелија. Со асфалтирањето, веќе е овозможено нормалното функционирање на сообраќајот на дел од овие сообраќајници, коишто се комплетно покриени со комунална инфраструктура.
Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, активностите за враќање во првобитната состојба на улиците во јужниот дел на градот по раскопувањето за поставување атмосферска канализација се во тек, со што интензивно се работи за финиширање на Проектот за подобрување на комуналната инфраструктура во општина Гевгелија. И паралелно, градежните активности за подобрување на патната инфраструктура во населените места, за што веќе е започната реконструкција на повеќе улици и краци, согласно Програмата на Општина Гевгелија за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија за 2023 година.