Акција за промоција на туристичкиот потенцијал на општина Гевгелија
Општина Гевгелија, во екот на туристичката сезона
и многубројните транзитни туристи кои минуваат низ и запираат да се одморат во Гевгелија, го промовира туристичкиот потенцијал на општината. На граничниот премин „Богородица“, Општина Гевгелија во соработка со Клубот за млади при ОО Црвен крст- Гевгелија реализира започна со акцијата за промоција на туристичкиот потенцијал на Општина Гевгелија. Тимови составени од млади волонтери во ОО Црвен крст- Гевгелија, на терен, делат промотивни материјали, дел од туристичката платформа на општина Гевгелија, којашто локалната самоуправа во соработка со туристичките чинители ја креираше преку утврдување на туристичкиот идентитет со слоганот Gevgelija Spice up the tourist на градот Гевгелија со населените места.
Целта на акцијата е што поголем странски, но и домашни туристи, да се запознаат со туристичките капацитети и природни богатства, со коишто располага општина Гевгелија и искористување на можноста за иницирање истите да свратат повторно во Гевгелија.