Одржана 30. седница на Советот на Општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија ја одржa својата
30. седница, на којашто со мнозинство гласови го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, за период 1 јануари - 30 јуни 2023 година кумулатив. Покрај тоа, Советот ги усвои и Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година и Буџетските програми за: изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици, уредување на градежното земјиште, финансирање програми и проекти од областа на културата и финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 година.
На 30. седница, се усвои и измената и дополнувањето на Одлуката за линиски превоз на патници во општина Гевгелија, како и донесени одлуките за давање на времено користење на недвижна ствар во сопственост на Општина Гевгелија на правни лица. Советот на Општина Гевгелија даде согласност за Годишните планови за вработување за 2024 година на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, а донесе и Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Гевгелија заради организација на „Бела ноќ“ во Гевгелија.