Континуирана помош на граѓаните за справување со топлотниот бран
Младите волонтери при ОО Црвен крст- Гевгелија,
во текот на топлотниот бран од летната сезона, беа континуирано на терен за справување со високите температури, делеа вода, капи и информативен материјал на граѓаните во општина Гевгелија. Акцијата се реализираше со поддршка од Општина Гевгелија. Покрај делењето вода и флаери, Црвен крст- Гевгелија со својот тим беа постојано достапни за помош и поддршка на граѓаните, особено на социјално-загрозените лица и бездомниците.
Имајќи ги предвид најавувањата за продолжените високи температури, ОО Црвен крст- Гевгелија и Општина Гевгелија апелираат до граѓаните да се почитуваат општите препораки - да не се изложуват на сонце доколку нема потреба и да се внесуваат доволно течности, како би се спречиле несаканите последици врз здравјето. Најавувајќи ОО Црвен крст- Гевгелија дека и понатаму ќе бидат на располагање на сите граѓани во текот на жешкото лето.