Објавен Јавниот повик за прибирање понуди за распределба на линии за превоз на патници
Oпштина Гевгелија објави Јавен повик за прибирање
понуди за распределба на линии за превоз на патници на подрачјето на општина Гевгелија. Согласно донесената Одлука од Советот на Општина Гевгелија на последната 30. седница за измена и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во општина Гевгелија, Општина Гевгелија распиша Објава за распределба на следниве линии: Гевгелија – Негорци – Кованец Гевгелија – Прдејци, Гевгелија – Миравци – Петрово, Гевгелија – Богородица и Гевгелија – Моин – Ново Конско.
Заинтересираните превозници, понудите со потребната документација треба да ги достават до Општина Гевгелија заклучно до 24 август 2023 година во затворен коверт или по пошта со назнака: „Понуда за распределба на општински линиски превоз на патници за подрачјето на општина Гевгелија“, адресирано до Комисијата за спроведување на постапка за доделување линии за вршење на линиски превоз на патници, ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, Гевгелија. Отворањето на понудите ќе се изврши на 25 август 2023 година, во просториите на Општина Гевгелија, со почеток во 14:00 часот и во присуство на понудувачите.
Повеќе информации: Јавен повик