
Градоначалникот Сашо Поцков во посета на Јабланица

Градоначалникот Сашо Поцков престојува во посета на збратимената општина Јабланица, која го слави денот на ослободувањето.
На приемот кај домаќинот - градоначалникот Салем Дедиќ, на кој присуствуваа и претставници на другите збратимени општини Инџија, Пазин, Параќин, Гвозд, стана збор за досегашната соработка. Притоа, беше нагласена важноста на ваквите средби и за идната глобализација на Балканот.
Градоначалникот Поцков положи цвеќе на бистите на првоборците од НОВ. -
,,Ми причинува посебно задоволство што соработката меѓу двете општини продолжува и се проширува. Очекувам во иднина таа да биде унапредена посебно на стопански план'', рече меѓу другото градоначалникот Сашо Поцков на свечената седница на Советот на општина Јабланица, поздравувајќи ги гостите.