Интензивирана е изградбата на СОУ "Јосиф Јосифовски"
Интензивирана е изградбата на новите училници во
СОУ „Јосиф Јосифовски“ и новата угостителска сала. Изведувачот на градежните работи, фирмата „Еуроинг“ потврдува дека темелите на новиот објект, каде што ќе биде сместена новата угостителска сала со придружните простории веќе се поставени.
Паралелно се одвиваат и градежните работи за доградба на нови 14 училници - проект кој општина Гевгелија го реализира со доделениот кредит од Светската банка. Доградбата на двата ката над западноро крило во ова училиште ќе чини 38.359.844 денари. Општина Гевгелија обезбеди дополнителни 3,7 милиони денари за неопходните истражувања на тлото изведени од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија.
Според договорот изведбените работи на новите училници во средноучилишниот центар во Гевгелија треба да завршат до почетокот на наредната учебна година, во септември 2019 година