Младинска работилница за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор
Во Дојран, се одржа тридневна работилница, на која младите
од регионот работеа на теми за стратешки и финансиски менаџмент, управување со ресурси и мониторинг, активност која е дел од Проектот: „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“- „IDEAS“ .
Учењето како да се користи Бизнис модел „Канвас“ им обезбеди на младите претприемачи вовед во еден креативен процес од собирање и вреднување на информации до анализа и тестирање. На крај, сите учесници кои успешно ја поминаа обуката добија сертификат за учество.
Проектот „IDEAS“ се имплементира од Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Мрежата за рурален развој и Американското земјоделско училиште од Солун, Грција, а во рамки на INTERREG-IPA CBC програмата за прекугранична соработка со Грција.