И годинава, десет стипендии за студенти на Медицинските, Машинските и Електротехничките факултети
Општина Гевгелија, и годинава, ќе стипендира 10 студенти
од општина Гевгелија запишани во прва година на Медицинските факултети- отсек Машинските и Електротехничките факултети во академската 2023/2024 година. Советот на Општина Гевгелија, на 34 седница, донесе Одлуки за стипендирање на 5 студенти од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети- отсек Општа медицина и 5 студенти од општина Гевгелија запишани на Машинските и Електротехничките факултети во државата. За таа цел, формираната Комисија за образование, култура и спорт при Советот на Општина Гевгелија ќе распише Јавен конкурс, а доставените пријави ќе се разгледуваат согласно Правилник за услови, критеируми и правила за доделување стипендии.
Висината на стипендиите ќе изнесува 6.000 денари месечно, за 10 месеци во академската година. Средствата за стипендиите се обезбедени од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 и 2024 година, а ќе се исплаќаат врз основа на склучен договор за стипендија.
Имено, изминативе две години, Општина Гевгелија со донесени одлуки на Совет на Општина Гевгелија, стипендира вкупно 14 студенти, од кои 10 запишани на Медицинските факултети- отсек Општа медицина и 4 запишани на Машинските факултети.