Прв форум во заедницата за најприоритетни проекти во општина Гевгелија
Општина Гевгелија во соработка со УНДП и Швајцарската агенција
за развој и соработка, во рамки на Проектот: „Зајакнување на општинските совети“, започнува со реализација на Форуми во заедницата.
Oпштина Гевгелија ги поканува граѓаните на општина Гевгелија да присуствуваат на Форумот во заедницата на кој, со нивните идеи и потреби ќе имаат можност да одлучат кои се најприоритетни проекти во нашата општина. Станува збор за проектни форуми, за коишто е обезбеден финансиски фонд, во кој ќе партиципира и Општина Гевгелија, а преку него ќе се финансираат најмалку еден, а најмногу три проекти избрани директно од граѓаните.
Првата форумска сесија ќе се одржи на 22.11.2023 година, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток во 17:00 часот.
Програмата „Зајакнување на Општинските совети“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.