Концерт на „Танец“ и премиера на арт-филмот „Огледало“
Утре (21.11 2023 година), со почеток од 19.00 часот,
во големата сала на Народен театар- Гевгелија, целовечерен концерт ќе приреди Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Влезот е слободен. Утре (21.11 2023 година), со почеток од 19.00 часот, во големата сала на Народен театар- Гевгелија, целовечерен концерт ќе приреди Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Влезот е слободен. ИЗВОРНИ МИНИЈАТУРИ е проект е замислен како сценско-едукативен караван низ неколку градови на земјата, со кој Ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои р’ти репертоарот на „Танец“.
Домот на културата „Македонија“- Гевгелија премиерно ќе го емитува арт-филмот од сопствената продукција, насловен „Огледало“, во продукција на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а во сорaботка со Ансамблот за традиционална музика и игра „Бојмија“ од Гевгелија. „Огледало“ ќе се прикаже на 22.11 2023 година, со почеток од 19.30 часот, во фоајето на Дом на култура. Влезот е слободен.