Најмалите на час со градоначалникот Сарамандов
Четвртоодделенците од гевгелиските Основни училишта
беа гости и на час во Општина Гевгелија. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беше во улога на наставник по предметот Општество, во рамки на наставната единица „Запознај ја локалната самоуправа“. Тие беа запознаени со работата на првиот човек на Општината, со активноста на Советот на Општина Гевгелија и воопшто со функционирањето на локалната самоуправа. Се разбира, по обраќањето на Градоначалникот, најмладите сограѓани на Општината имаа можност да му постават многу интересни прашања.
- Деновиве, имав можност да се дружам со децата од четврто одделение од основните училишта во Гевгелија со цел да се запознаат со моите работни задачи и улогата на функцијата градоначалник, но и работата на Советот на Општина Гевгелија и локалната самоуправа, изјави градоначалникот Сарамандов по наставниот час и средбата со четвртоооделенците. Притоа, изрази задоволство што Општина Гевгелија беше домаќин на многу дечиња. Уште повеќе што учениците се стекнаа со нови знаења за локалната самоуправа, и тоа, преку директна комуникација.