Објавени Конкурсите за финансиска поддршка на активностите на НВО- секторот и Месните заедници
Oпштина Гевгелија ги објави Конкурсите за финансиска поддршка
на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности и за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2024 година. На Конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности имаат право да учествуваат сите регистрирани здруженија и фондации со седиште во општина Гевгелија, согласно Законот за здруженија и фондации. Додека, на Конкурсот за финансиска поддршка на културните активности имаат право да учествуваат сите активни Месни заедници, со легитимни органи на управување, коишто ги претставуваат интересите на жителите од своето населено место.
Конкурсите траат до 15 декември 2023 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсите, со назнаки: „Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2024 година“ и „Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности во 2024 година“.
Резултатите од Конкурсите ќе бидат во вид на Програми, кои ги носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе бидат објавени во Службен гласник и веб-страницата на Општината. Дополнителни информации за Конкурсот за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани од општина Гевгелија за организирање програмски активности, заинтересираните апликанти можат да се добијат на тел.: 034 211 211 и 075 233 394, a за Конкурсот за финансиска поддршка на програмите на Месните заедници во општина Гевгелија за организирање културни активности на тел.: 075 228 617.