Зголемена финансиска транспарентост на Општина Гевгелија
Општина Гевгелија е оценета со високи 13 индекс-поени
за остварената фискална транспарентност за периодот 2022/2023 година, согласно мерењата во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. И годинава, Општина Гевгелија се класифицираше меѓу општините со добар пример за отчетност кон граѓаните, со тоа што за разлика од мерењата за 2021/2022 година кога беше оценета со 11 индекс-поени, годинава го зголеми за 2 поена индексот на фискална транспарентност. Во рамки на општините од Југоисточниот Регион, коишто се партнер-општини на Проектот, Општина Гевгелија е втора по ред локална самоуправа, којашто продолжува со добрите практики за транспарентност укажувајќи на одржливост и зголемена свест од потребата за висока буџетска транспарентност.
Во однос на интензитетот на даночната транспарентност кај ЕЛС за 2022/2023 година, Општина Гевгелија е оценета со висок индекс од 67%. За разлика од 2021/2022 година, локалната самоуправа ја зголемила наплата на локални даноци и такси за 12%.
Истражувањето се спроведува врз основа на објавените буџетски документи и документите кои се поврзани со транспарентноста за процесот на донесување на буџетите на ЕЛС, согласно законската регулатива. Извештајот за фискална транспарентност е подготвен од Центарот за економски анализи во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.