Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Нацрт-Буџетот за 2024 година
Советот на Општина Гевгелија, на 6 декември 2023 година,
ќе ја одржи својата 35. седница, на којашто ќе расправа по Предлог-Одлуката за пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Исто така, на оваа седница, Советот ќе расправа и по Нацрт- Буџетот на Општина Гевгелија и нацртите на двете најголеми буџетски Програми за 2024 година- за уредување на градежното земјиште и за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија.
Ќе бидат формирани Комисија за изработка на Програма за нивната работа во 2024 година и Комисија за унапредување на правата на пациентите во Општина Гевгелија, а во Општинскиот совет за социјална заштита и Комисијата за предлагање листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во општина Гевгелија ќе се именуваат нови членови. На расправа, ќе се најде и Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување цени за зонско паркирање на подрачјето на град Гевгелија. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на 35. седница е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година,
2. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,
3. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија за 2024 година,
4. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2024 година,
5. Предлог-Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2024 година,
6. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување цени за зонско паркирање на подрачето на град Гевгелија,
7. Предлог-Одлука за формирање Комисија за унапредување на правата на пациентите во Општина Гевгелија,
8. Предлог-Одлука за разрешување и именување членови на Општинскиот совет за социјална заштита,
9. Предлог-Решение за разрешување на претседателот и членовите на Комисијата за предлагање листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во општина Гевгелија,
10. Предлог-Решение за именување претседател и членовите на Комисијата за предлагање листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во општина Гевгелија,
11. Предлог-Решение за усвојување на измената и дополнувањето на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година,
12. Предлог-Решение за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
13. Информација за средното стручно образование во учебните 2020/2021, 2021/2022, 2022/2023 и 2023/2024 година во општина Гевгелија.