Градоначалникот Сарамандов оствари средба со претставници на КК „Гевгелија“
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
оствари работна средба со раководството и членовите на новоформираниот Кошаркарски клуб „Гевгелија“- Гевгелија. Младите кошаркари од Гевгелија, предводени од претседателот на Клубот, Томе Дуев; спортскиот директор Зафир Чучанов и тренерот на екипата Мицко Алексовски, го информираа Градоначалникот за досегашните активности на клубот.
На средбата, Градоначалникот Сарамандов им го честиташе успехот којшто го постигнаа изминатиот период- издвоени седум победи од седум натпревари и рангирањето на првото место од листата на кошаркарки клубови коишто се натпреваруваат во Третата македонска кошаркарска лига. Истакнувајќи ја неговата поддршка за обезбедување на услови спортот да биде на ниво за секој млад спортист.
Имено, формирањето на Кошаркарскиот клуб „Гевгелија“ има за цел создавање на млади спортисти, коишто ќе имаат можност да се усовршуваат и бидат врвни кошаркари, наследувајќи ги претходните гевгелиски генерации коишто го испишувале успехот во кошарката.