Презентиран нацрт-проектот за поставување смарт клупи во општина Гевгелија, одбран од страна на младите
Општина Гевгелија го реализираше вториот настан
во рамки на Проектот на Агенцијата за млади и спорт за младинското учество и вклучувањето на младите во донесувањето одлуки на локално ниво во областа на животната средина и климатските промени, поддржан од УНИЦЕФ. Имено, по изборот на еко-решение, од страна на стручен експерт беше презентирано идејното решение на предлог-проектот за поставување паметни смарт-клупи на подрачјето на општина Гевгелија, којшто Локалниот младински совет на Општина Гевгелија и младите членови во младинските организации го избраа како приоритетен за реализација од страна на локалната самоуправа.
На настанот, покрај претставниците на АМС и УНИЦЕФ, присуствуваа: членови на Советот на Општина Гевгелија, членови на Локалниот младински совет и Локалното младинско собрание на Општина Гевгелија, претставници на локалната самоуправа, институции надлежни за животната средина и НВО-секторот, коишто имаа можност да дадат забелешки и дополнувања на нацрт-проектот.
Целта на Проектот на АМС, поддржан од УНИЦЕФ, во којшто е вклучена и Општина Гевгелија заедно со Општините Велес и Берово, е да се подигне свеста кај младите за младинското учество и вклучувањето во донесувањето одлуки на локално ниво- како во областа на животната средина, така и во другите области за коишто се надлежни локалните самоуправи со доставување предлози, идеи и иницијативи и нивна реализација.