И по електронски пат, граѓаните ќе можат да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2024 година
Започнува јавната расправа по
Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година по усвојувањето од страна на Советот на Општина Гевгелија на својата 35. седница. За таа цел, Општина Гевгелија изработи веб-платформа, на коjaшто граѓаните од градот и населените места имаат можност и по електронски пат да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година со своите: идеи, предлози и потреби. Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година со пополнување на анкетен прашалник кој се состои од кратки прашања за полот, возраста, населеното место и предлози за одредена област: комунална и патна инфраструктура, улично осветлување, животна средина, образование, култура, спорт и млади и сл.