Дефинирани визија, мисија, цели, мерки и активности за изработка на Интергална локална стратегија за развој
Во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
Општина Гевгелија, во соработка со СЕГ Холдинг, ја одржа Работилницата за изработка на Интегрален локален развоен план, на којашто, покрај претставници на општинската администрација, учествуваа и граѓани од НВО и Бизнис-секторот, како и претставници на локалните институции.
На оваа работилница, учесниците правеа SWOT анализа, односно индентификуваа предности, слабости, можности и ризици во повеќе области за коишто е надлежна локалната самоуправа и дефинираа визија, мисија и стратешки цели коишто ќе бидат опфатени во Интегралниот локален развоен план на Општина Гевгелија со период на важност 2024-2027 година заедно со потенцијалните проекти врз основа на буџетските развојни потпрограми за 2024 година, отсликувајќи ги среднорочните потреби на граѓаните на општина Гевгелија.
Оваа активност се спроведува во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери