Градоначалникот Сарамандов- гостин на Канал 5 во емисијата „Здраво, Македонијо!“
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
беше гостин во утринската програма на Канал 5 „Здраво, Македонијо!“. Во емисијата, учествуваше заедно со Љупчо Бубо Каров и пејачката Адријана Ацевска. Имено, ги изрази своето задоволство и благодарност за поканата да учествува во емисијата, како и за разговорите со водителите Милена Антовска Станковска и Роберт Јанков на теми поврзани со неговата работа, како Градоначалник на општина Гевгелија.