Гевгелија- изворник на таленти
Три различни секции, а еден уникатен настан
именуван „Изворник“, вчера, во Народниот театар- Гевгелија, приредија учениците со своите ментори при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Имено, над 30 учесника, членови на- Драмската секција за деца, Ликовната секција и Школата за тапани имаа импресивни настапи, рецитираа современа и модерна македонска поезија, ликовно се изразија и продуцираа звуци од тапаните на позадина од рок и поп- странска и домашна музика под менторство на Катица Џишева Дупарова, м-р Александар Јанев и Момчило Делев.
Сите деца, но и повозрасни членови, беа посебни на свој начин, а ѕвезда на вечерта беше најмалиот тапанар- петгодишниот Димитар Трајков од Гевгелија. Публиката замина задоволна од Театарот, но и горда на Гевгелија дека изобилува со голем број таленти.