
Гевгелија во предновогодишна и празнична атмосфера

Во Гевгелија, се почувствува предновогодишната атмосфера
со украсувањето на градот. Имено, и оваа година, Општина Гевгелија се погрижи граѓаните, особено најмалите, да ја почувствуваат новогодишната магија. За таа цел, во централното градско подрачје и на повеќе јавни места се поставени украсени елки и светлечки фигури коишто ги симболизираат новогодишните празници.
Амбиентот, годинава, е збогатен и со Новогодишен базар во организација на Општина Гевгелија. Од вчера, на Градскиот плоштад, со учеството на Локалниот младински совет, Локалното собрание на млади и Клубот на волонтери при ОО Црвен крст- Гевгелија е отворен Базарот, којшто ќе трае до 31 декември. Поставени се куќарки, на коишто ќе учествуваат повеќе претставници од граѓанскиот сектор со забавни содржини по повод Новата година.